Новости

Свет

Силен земјотрес го погоди во Мексико

Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југозападно од местото Суидад Идалго , во близина на границата со Гватемала и на длабочина од 62 километри. Потресот е почуствуван и во главниот град на Мексико .

Оштетени се и патишта во Гватемала , а три лица се повредени , соопштуваат локалните власти. Евакуирани се повеќе илјади лица , а во погранично место во Гватемала е урнат ѕид во училиште и е оштетена црквата.

Најсилен земјотрес во овој регион е забележан во септември 2017 со јачина од 8,2 степени , кога загинаа 465 лица и беа уништени 184 000 објекти.

GOLD
To Top