Новости

Свет

Снежно невреме во пролет

Силни бури и снежни врнежи, незапамтени за ова време од годината, зафатија неколку американски сојузни држави за време на изминатиот викенд.

Силно невреме проследено со силен ветер, дожд, град и снег викендов го зафати централниот дел од САД при што загинаа најмалку две лица.

Заради снежната бура откажани беа повеќе од 200 летови во Минесота. Американските власти затворија и неколку патишта во југозападна Минесота заради тешки услови на патот.

Во централниот и североисточниот дел на сојузната држава Висконсин висината на снегот беше меѓу 15 и 46 сантиметри.

Делови од Јужна Дакота пак беа зафатени со снег и силен ветер со брзина од 64 до 80 километри на час.

Мраз со големина на јајце пак паѓаше во Тексас.

Но и Европа не ја чека нешто подобра пролет.

Споре метеоролозите, пролетта на ден од Европскиот континетн ќе донесе многу дожд, невремиња, град, но и опасност од поплави особено на Балканот.

Прогнозите се дека пролетта ќе изобилува со невремиња проследени со грмотевици, повеќедневни дождови кои ќе предизвикаат поплави. Во повисоките делови и на планините се прогнозира и снег, кој само ќе го зголеми ризикот од поплави.

Accuweather предупредува и на појава од свлечишта на Алпите и на планините кои се наоѓаат на Балканот.

 

 

 

GOLD
GoldSlot
To Top