Новости

Свет

Соопштение од кабинетот на Орбан: Унгарија му дозволи на Груевски да поднесе барање за азил

Официјално соопштение испратија од кабинетот на Премиерот на Унгарија Виктор Орбан кој потврди дека Груевски поднесе барање за азил, и дека процедурата е во тек. Од таму истакнаа дека Македонија е стратешки партнер на Унгарија и добрата соработка е важен камен темелник за развојот на балканскиот регион и безбедноста на Европа.

„Никола Груевски поднесе барање за азил до надлежните органи на Унгарија. Поранешниот премиер на Македонија даде изјава во негово име да поднесе барање за статус на бегалец во Унгарија.

Тој беше премиер на неговата земја веќе десет години, од безбедносни причини унгарските власти му дозволија на Груевски да поднесе барање за азил, и истото е поднесено во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта. Канцеларијата за имиграција и азил ќе ја спроведе процедурата за азилот во согласнот на унгарското и меѓународното право.

Македонија е стратешки партнер и важен сојузник на Унгарија. Добрата соработка меѓу двете земји е важен камен темелник за развојот на балканскиот регион и безбедноста на Европа. Македонската влада е партнер на Унгарија во меѓудржавните односи и затоа ние во никој случај не сакаме да интервенираме во внатрешните работи на суверените земји.

Во согласност со унгарскиот закон, унгарските власти нема да обезбедат дополнителни информации во врска со деталите за постапката за азил пред завршување на постапката“, се вели во соопштението од кабинетот на Премиерот на Унгарија.

 

 

 

 

Извор: Тв21

GOLD
SN Finansii
To Top