Новости

Свет

Сопственикот на „Зарa“ ја сели продажбата на интернет

Шпанскиот синџир на продавници „Индитекс“, сопственик на „Зара“, планира најдоцна до 2020 година да ја пресели продажбата на сите свои брендови на интернет, вклучувајќи ги и оние пазари каде што тие немаат никаква физичка продавница.

Инспириран од новите продавници кои продаваат облека исклучиво преку интернет, како што Boohoo.coma и Missguideda, најголемиот синџир на продавници за облека во светот, пионер на концептот на брза мода, одлучи да развива нови технологии, здружувајќи ги силите со технолошките компании и тестирајќи нови методи на управување со резервите.

Така, извршниот директор Пабло Исла изјави за новинарите во Милано во вторникот дека системот за нарачување облека преку интернет и покривање на тие нарачки со резерви од физичките продавници ќе го прошири на сите 96 земји во кои „Индитекс“ има физички продавници.

Евротип
Евротип
To Top