Новости

Свет

Спасувачка акција во Австрија – Забележале дека нешто ѕирка од снегот па го застанал возот

Жителите и туристите во Австрија не се едниствените кои мора да се справуваат со студот и снегот, кој предизвика големи проблеми, тука се и животните.

Австриската железница објави видео од вчера во која се гледаат двајца службенци со лопата во рака како спасуваат дива коза.

Машиновозачот го сопрел возот откако забележал дека од снегот ѕиркаат роговите на козата. Возот се вратил назад до дивокозата и двајца службеници, внимателно ја откопале козата.

За среќа таа е ослободена и вратена во дивината.

https://www.facebook.com/unsereOEBB/videos/1960152114289491/

GOLD
To Top