Новости

Свет

Строги правила во вечниот град: Забрането е седење на скалилата и скокање во фонтаната во Рим

Туристите во Рим се изненадиле кога полицијата започнала да ги брка од шпанските скалила кои го красат „вечниот град“ од 18 -ти век.

Овие 136 скалила кои водат до Црквата Тринита дел Монти се заштитени од УНЕСКО, како светско наследство и веќе долго време се омилено место за одмор на изморените туристи кои заминале во обиколка на градот, а сакаат да седнат на нив.

Полициската акција за растерување на туристите кои седат на скалилата е одлука на римските власти кои во јуни донесоа нови правила, вклучувајќи и забрана за „неуредно јадење“ покрај спомениците, шетање без маица и скокање во фонтаната. Помеѓу останатото, на туристите сега им е забрането по славните скалила да ги носат своите куфери и торби со тркалца.

„Убаво е да се заштитат спомениците и секако не би требало да консумирате храна на скалилата, но да се збрани да се седи на нив е навистина претерано. Мислам дека тоа е одредба во фашистички стил, која локалната управа ќе биде присилена да ја преиспита“, коментирал поранешниот заменик министер за култура, Виторио Згарби.

„Се сложивме дека луѓето не би требало да кампуваат и да јадат на скалилата, бидејќи оставаат дамки. Но да ги криминализирате луѓето затоа што седат, посебно ако се повозрасни, малку е претерано“, изјавил Томазо Танчили, директор на римската подружница на здружение на италијански хотелиери, пренесува Гардијан.

Слични мерки се применети и за Венеција, каде властите патролираат околу полоштадот Свети Марко и другите споменици. Сите повеќе правила за кои туристите ширум Италија мораат да водат сметка. Освен што не смеат „неуредно“ да јадат или „кампуваат“ на плоштадите или скалилата на спомениците, не смејат ни ниту да ги допрат испакнатините од кои излегува вода во фонтаната, пренесува Index.hr.

На плажа во Ераклеја во близина на Венеција, на пример не смејат да се градат кули од песок, а на Капри не смеете да носите чевли кои ќе создаваат бучава. Притоа не се мисли на кломпи, тие се забранети уште во 1960 година.

GOLD
To Top