Новости

Свет

Судир на воени авиони во Катар: Пилотите успеале да се катапултираат и да се спасат

Два авиони денес се судриле на небото над Катар, а како што соопштија од катарското Министерство за одбрана, пилотите успеале навреме да се катапултираат.

Засега нема информации какви точно типови на авиони се судриле во воздух, но како што соопштија властите од Доха, пилотите успеале да се спасат така што навреме се катапултираат. Исто така, не е јасно ниту како дошло до судирот.

Според досегашните информации, за време на тренажен лет дошло до судир на двата авиони наменети за тренинг на пилотите.

„За време на тренажниот лет, дојде до судир на два авиони. Пилотите успеаа безбедно да се катапултираат“, стои во соопштението на катарскиот министер за одбрана објавено на социјалната мрежа Твитер.

GOLD
To Top