Новости

Свет

Тереза Меј денеска официјално ќе ја поднесе оставката

Британската премиерка Тереза Меј денеска и официјално ќе се откаже од лидерската функција.

Меј од денеска нема да биде веќе лидер на владејачката Конзервативна партија , но останува на местото премиер до изборот на нејзин наследник од редовите на партијата.

Мандатот на Тереза Меј , која речиси три години е на власт го одбележа Брегзитот. Таа од референдумотво 2017 се обидува да најде решение за излез на земјата од ЕУ , што беше дочекано со отпор на пратениците и од нејзината партија и покрај постигнатиот договор со првите луѓе на Европската Унија.

GOLD
To Top