Новости

Свет

Терористот кој направи масакр во џамиите на Нов Зеланд само се интересирал колкумина убил

Австралиските медиуми објавуваат детали за апсењето на Брентон Тарант , кој уби 51 верник во напад на џамиите на Нов Зеланд.

Веднаш по апсењето , Тарант само прашал колку луѓе успеал да убие.

“Колку убив?” и “Колкумина?” се прашањата што Тарант им ги поставувал на полициските службеници додека го приведувале. Австралиските медиуми соопштија дека тоа е единственото нешто што го интересирало.

Тие додадоа дека полицијата не ги открила информациите веднаш, но исто така и дека полициските службеници кои го уапсиле, ги запишале неговите зборови во целиот извештај за случајот.

Како што е познато Тарант уби 15 лица во две џамии на Нов Зеланд на 15 март.

Во напад во живо на Фејсбук, напаѓачот вооружен со полуавтоматско оружје ги нападнал муслиманите кои се собрале на молитва во петокот во две џамии во Кристчрч.

Против него беше поднесено обвинение во јуни, и тој се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Судскиот процес треба да започне во мај следната година.

GOLD
To Top