Новости

Свет

Тинејџерка додека полагала за возачка, влетала со автомобилот во испитниот центар

17-годишна тинејџерка влетала со возилото во објектот на испитниот центар за полагање тестови за возачка дозвола.

Ова се случило во Минесота додека тинејџерката полагала за возачка дозвола и случајно го ставила менувачот на „возење“ наместо на „рикверц“.

Полицијата информираше дека автомобилот тргнал напред, преку тротоарот и завршил во просториите на испитниот центар. Автомобилот бил сериозно оштетен, а 60-годишната инструкторка од Бафало, Минесота била однесена во болница со полесни повреди. Според полицијата, тинејџерката не била повредена и нема да биде покренато обвинение против неа.

 

 

 

СН Брокер
To Top