Новости

Свет

Тројца Македонци се на бродот кој е во карантин поради коронавирусот

Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија. Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус, соопшти МНР.

Од министерството велат дека продолжуваат со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.

Граѓаните на Македонија кои се наоѓаат во Јапонија, за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, tokyo@mfa.gov.mk.

GOLD
To Top