Новости

Свет

Уапсен капетанот на речниот крузер што се судри со бротчето во Будимпешта

И натаму трае потрагата по преживеани во трагедијата што вчеравечер се случи во Будимпешта , кога во Дунав се удавија најмалку 7 лица при судар на туристичко бротче во кое удрил речен крузер.

Унгарските медиуми јавуваат дека е уапсен капетанот на крузерот , 64- годишен Украинец. Тој е испитан во својство на осомничен. Во синоќешниот судар речниот круизер Викинг удри во мал туристички брод со 33 јужнокорејски туристи и двајца членови на екипажот, Унгарци .

За само седум секунди бортчето потона во надојдениот Дунав.  Меѓу туристите имало девет семејства , најмладото дете имало 6 години , а најстариот турист 70 години. Шансите да се најдат преживеани се речиси никакви.

До сега се спасени само седум лица , од кои четворица веќе се пуштени од болниците во Будимпешта.

GOLD
To Top