Новости

Свет

Уапсен мексикански црковен лидер поради силување деца

Наасон Хоакин Гарсија , познат во верските кругови како Апостол со своите тројца соработници уапсен е во Лос Анџелес вор основа на 26 обвиненија , меѓу кои за трговија со луѓе и силување деца.

Гарсија е верски лидерр на организацијата во Мексико , која има над милион следбеници во целиот свет. Тој е уапсен за кривични дела што ги направил на територијата на јужна Калифорнија во периодот меѓу 2015 и 2018 година.

Гарсија и неговите соработници вешто ја користеле религијата за да ги наведуваат своите жртви на полови односи , убедувајќи дека доколку ги одбијат , тоа нема да му биде по волја на Господ.

Организацијата на Гарсија ги одбива сите обвиненија и најави дека ќе го ослободат својот лидер.

GOLD
To Top