Новости

Свет

Украина ги укина визите за Северна Македонија

Претседател Петро Порошенко потпишал за привремено воведување на безвизен режим за влез и транзит низ Украина за граѓаните на Северна Македонија, дознава ТВ21.

“Во периодот од 16 март 2019 година до 15 март 2020 година се воведува безвизен режим за Украина и транзит низ територијата на Украина за граѓаните на Република Северна Македонија, ако нивниот престој во Украина не надминува 90 дена во рок од 180 дена”, се вели во документот.

Оваа одлука треба да донесе подобрување на пријателството меѓу Украина и Република Северна Македонија како и интензивирање на билатералните контакти во областа на меѓусебните односни и намерите за продолжување на соработката за либерализација.

GOLD
To Top