Новости

Свет

Ураганот „Мајкл“ блиску до Флорида, наредена авакуација на 370 000 жители

Наредена е масовна евакуација на жителите од американската држава Флорида, во очекување на ударот на силниот ураган „Мајкл“.

Се очекува ураганот кој е од трета категорија и носи ветрови кои дуваат со брзина од околу 200 километри на час дополнително да добие на сила кога ќе го погоди северозападниот дел на Флорида, предупредуваат метеоролозите.

Властите поради тоа наредиле евакуација на повеќе од 370 000 жители . Во државите Флорида, Алабама и Џорџија прогласена е вонредна состојба.

Инаку, во налетот на оваа бура во Централна Америка загинале најмалку 13 луѓе, пренесува ББЦ.

GOLD
GoldSlot
To Top