Новости

Свет

Успешен пробен лет од 19 часа од Лондон до Сиднеј

Водечката австралиска авиокомпанија Qantas, еден месец по рекордно долгиот лет помеѓу Њујорк и Сиднеј, успешно го заврши пробниот 19-часовен лет од Лондон до Сиднеј.

За лет од 17.750 километри од Лондон до Сиднеј потребни беа 19 часа и 19 минути, објави Qantas на Твитер.

Во авионот беа 52 патници и членови на екипажот, а во моментот на слетувањето авионот имал гориво за уште еден час и 45 минути лет.

Qantas QF 7879 полета од лондонски Heathrow во четвртокот наутро и во петокот напладне слета на аеродромот Kingsford Smith во Сиднеј.

Патувањето долго 17.800 километри е втор најдолг лет од страна на Qantas, како дел од научната студија за намалување на влијанието на промените во временските зони на патниците, како и проучување на можностите за подобрување на здравјето на екипажот.

Qantas за потребите на пробниот лет го редизајнираше новиот Boeing 787-9 Dreamliner како би примил максимална количина на гориво и го ограничи бројот на патници и багаж, што овозможува да се заврши таков долг лет без дополнителни слетувања поради полнење на гориво.

Qantas започна да лета помеѓу Лондон и Сиднеј во 1947 година, и тогаш беа потребни пет дена за тој пат, во кој беа вклучени шест дополнителни слетувања.

Минатата година ја лансираа линијата Перт – Лондон, единствена директна врска меѓу Австралија – Европа за која е потребно 17 часа лет.

Најдолгиот лет во моментов го држи Singapore Airlines, од Сингапур до Њујорк, кој трае 18,5 часа.

GOLD
To Top