Новости

Свет

Успешно завршена мисија: Сите деца и тренерот извадени од пештерата во Тајланд

Сите 12 момчиња, кои повеќе од две недели беа заглавени во тајландската пештера Там Лунаг, се извадени на безбедно. Во пештерата останаа само четирите „жаби“ – тоа се лекар и тројца припадници на морнарските „Фоки“ кои ги поддржуваа момчињата. После неколку часа излегоа и тие.

Спасувачката мисија траеше три дена. Во неделата беа извадени четири, вчера уште четири и денес останатите четири момчиња и тренерот.

Светот има нови херои. Меѓународниот тим на нуркачи го доби овој епитет по неверојатно тешката и опасна тридневна мисија во која успешно ги извлече сите момчиња, членови на фудбалскиот тим „Диви свињи“ и нивниот 25-годишен тренер.

 

Evrotip
Евротип
To Top