Новости

Свет

Франција воведува квоти за работници од странство

Франција првпат ќе воведе квоти за работници од земји надвор од Европската Унија, на кои ќе им биде овозможен влез во земјата, соопшти денеска министерката за труд Муриел Пеницауд. Таа појасни дека квотите ќе бидат одредени следното лето, дополнувајќи дека Владата ќе состави попис на релевантни занимања кои ќе бидат покриени со тие квоти, иако е приоритет да се вратат Французите на пазарите на труд.

– Наш приоритет е да им се помогне на Французите да се вратат на пазарот на труд. Дури потоа ќе се свртиме кон бегалците и ќе им овозможиме да најдат работа – истакна министерката.

GOLD
To Top