Новости

Свет

Холандија предложи да му се плаќа на секој жител кој со велосипед ќе оди на работа

Заменик-министерката за инфраструктура на Холандија, Стиентје Ван Велдховен, деновиве предложи да им се плаќа на луѓето кои ќе го користат велосипедот како превозно средство до работа и назад. Нејзиниот план има за цел да придобијат уште околу 200.000 луѓе низ земјата кои со велосипеди ќе поминуваат три милијарди километри повеќе.

 

„Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите“ изјавила заменик-министерката.

 

Како што јавуваат холандските медиуми, според нејзиниот предлог, секој жител кој на работи оди со велосипед би добивал по 19 центи за секој поминат километар. Исто така, ќе се воведат и субвенции за купување на велосипед, но и додатни 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедски патеки.

 

Во Холандија веќе има околу 22 милиони велосипеди на население кое брои околу 17 милиони. Повеќе од половина од дневните патувања на луѓето во Холандија опфаќаат помалку од 7,5 километри, а повеќе од половина од вработените живеат на помалку од 15 километри од работа.

 

Според ресорното министерство, овие далечини лесно ќе може да се покриваат во иднина со електрични велосипеди, чија популарност расте. Предлогот на заменик-министерката Ван Велдховен е со цел да се намали загадувањето од автомобилите и да се промовираат здрави животни навики кај населението.

Inovativnost.mk

Евротип
Евротип
To Top