Новости

Свет

Холандија ќе забрани користење мобилен телефон додека возите велосипед

Холандија планира да ја забрани употребата на мобилни телефони за време на возењето велосипед, а казната за прекршителите ќе изнесува до 95 евра.
Забраната стапува на сила на 1 јули годинава и целта е намалување на бројот на велосипедски несреќи.

Во 2017 година во Холандија загинаа 207 луѓе во несреќи со велосипед. Експертите сметаат дека мобилните телефони се виновни за секоја четврта велосипедска несреќа. Користењето на телефоните е опасно, вели министерот за правосудство на Холандија, Фердинанд Граперхаус.

На луѓето треба многу јасно да им се даде до знаење дека ова е нов сообраќаен пропис и дека ќе бидеме многу строги, додаде министерот. Велосипедистите неретко во текот на возењето посегнуваат по телефонот, слушаат музика, па дури и пишуваат пораки. Употребата на мобилен телефон за време на возењето автомобили одамна е забранета. Во Холандија казната за таков прекршок изнесува 240 евра.

GOLD
To Top