Новости

Свет

Црвен аларм во Кина, се очекува силен супертајфун

Кинеските власти огласија црвен аларм за источниот дел на земјата поради доаѓањето на супертајфунот „Лекима“, кој веќе предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Тајван.

Тајфунот утре би требало да ја погоди кинеската провинција Жеџианг и делата на реката Јангце, како и градот Шангај, а властите предупредуваат дека се работи за најсилниот тајфун во последните пет години.

Во Шангај не се продаваат карти за железница, бродскиот сообраќај е запрен, а под рестрикции е и целиот сообраќај во провинцијата Жеџианг.

Илјадници лица, кои живеат покрај брегот на Шангај во текот на денот ќе бидат евакуирани. Лекима денеска го погоди Тајван, каде се затворени училиштата, а повеќе од 40 илјади домови се без електрична енергија. Лекима е деветти тајфун годинава, а супертајфун стана вчера.

GOLD
To Top