Новости

Свет

Четврт мандат за Путин – освои рекордни 76,67 отсто гласови

Владимир Путин по четврти пат е избран за претседател на Русија, освојуваќи 76,67 од гласовите. Со тој резултат, Путин си го подобри рекордот од 2012 година и помина подобро отколку што покажуваа анкетите пред избори.

Според изборната комисија, одѕивот бил 67,4 проценти, на претходните избори таа цифра била 65 проценти.

 

Според Централната изборна комисија на второ место според освоените гласови е лидерот на Комунистичката партија Павел Грудинин со 12,3 отсто. Потоа следуваат Владимир Жириновски со 6 проценти од гласовите и новинарката Ксенија Собчак со 1,5 отсто. Останатите четири кандидати имаат помалку од еден процент освоени гласови.

Путин изјави дека на Русија и е неопходен исчекор напред во сите области и најави дека нема намера сто години да биде на власт. „Ни треба решителен чекор напред. Ние може да го направиме, бидејќи дојдовме до такво ниво„“, рече тој во неговиот предизборен штаб по објавувањето на прелиминарните резултати од претседателските избори на кои тој победи со над 76 насто од гласовите.

Евротип
SNBROKER
To Top