Новости

Свет

Чешка им забрани на трговците да фрлаат храна

Со новиот закон Чешка им забранува на трговските ланци да фрлаат намирници на кои наскоро им истекува рокот на траење.

Замрзнати производи, овошје и зеленчук, како и други употребливи намирници кoи сеуште можат да се употребат, ќе се донираат во банка за храна и во хуманитарни организации, од каде што ќе бидат доставувани до најсиромашните граѓани.

Како што вели Вера Душова од банката за храна, по донесувањето на овој закон, нејзината организација е полна со разни видови на храна, понудата е многу поголема – од млечни производи до сувомеснати производи, па се до слатки.

Меѓутоа, како што велат маркетите, овој закон создава дополнителни обврски бидејќи отсега мора дополнително да го проверат квалитетот и исправноста на храната, па дефинитивно да ја отстранат онаа што не се за употреба, а која сепак ќе мора да биде фрлена во контејнери.

Овај проблем стигна и до Уставниот суд и тоа заради тужба дека овие прописи ги дискриминираат поединечни установи. На пример, трговците дел од храната претходно ја донирале во золошки градини, па сега тоа не можат да го прават повеќе.

GOLD
To Top