Новости

Свет

Шкотска бара овчар за плата од 24.473 евра

За сите оние на кои им е доста од модерната технологија, цивилизациската трка, а им требаат и пари, еден остров нуди нешто единствено.

Шкотскиот остров Северен Роналдсеј бара заинтересирани овчари кои ќе бидат чесно платени за чување на ретка раса шкотски овци. Острoвот бара искусни овчари што ќе внимаваат овците да останат во стадата, да јадат само од утврдената храна, да бидат на сигурни локации, пренесува британски „Метро“.

Овчарите ќе бидат задолжени и да внимаваат на ѕидот што ги раздвојува стадата од нивите на кои се одгледува храна за целиот остров. Бидејќи ѕидот е стар, овчарите повремено ќе треба и да го поправаат.

Платата е 24.473 евра, а се работи 35 часа неделно.

Оној што ќе биде примен, ќе мора во работен однос да остане три години, додека ѕидот целосно да биде поправен, а бројот на овците зголемен.

GOLD
To Top