Новости

Свет

Штрајк во Ryanair, откажани стотина летови

Околу 150 од предвидените 400 летови на компанијата Ryanair од и до Германија откажа нискобуџетната авиокомпанија Ryanair денеска, заради штрајк на пилотите и екипажот на кабината.

Претставник на компанијата им се извинил на патниците и ветил дека ќе побара алтернативни правци.

Од Ryanair сметаат дека барањата на пилотите од синдикатот „кокпитот” се неосновани, оти пилотите добиваат месечно 16.000 евра при петдневна работна недела, проследено со четиридневен викенд. Пилотите велат дека работата им е потценета и тие се сериозно оштетени во споредба со колегите од конкурентни компании.

Во август компанијата имаше координиран штрајк на вработените во пет земји на ЕУ и тоа среде шпицот на туристичката сезона. Тогаш беа погодени над 55 000 патници.

GOLD
To Top