Новости

Свет

Автопат покриен со илјадници лименки пиво предизвикал судир на пет камиони

Илјадници сребрени лименки го запреа сообраќајот на автопатот на Флорида. Пивото било пронајдено на патот по судир во кој учествувале пет камиони.

Меѓудржавен автопат на Флорида бil привремено затворен откако камион со пакет Coors се судрил со друго возило, оставајќи го коловозот преполн со лименки пиво.

Верижниот судир се случил на околу 50 километри северно од градот Тампа, се вели во соопштението на сообраќајната полиција на државата Флорида.

Сè започнало кога еден камион со приколка пресекол друг додека се префрлал на друга лента. Ова ги принудило другите возила да сопираат, но еден возач не реагирал навреме и дошло до судир.

Камионот кој не застанал навреме, носел пакети пиво „Silver Bullet“ во приколката. Полесни повреди пријавиле само оние кои биле во тоа возило, се вели во соопштението.

Сообраќајот бил регулиран околу два часа по судирот во кој на автопатот биле расфрлани лименки.

Евротип
SNBROKER
To Top