Новости

Свет

Амбалажата од првата вбризгана вакцина во САД стана музејски експонат

Освен шишенцето од каде што беше извадена првата доза, музејот „Смитсонијан“ од болницата во Њујорк ги доби и шприцот, документот за вакцинација на медицинска сестра и униформата што таа ја носеше на 14 декември лани

Амбалажата во која беше првата доза од вакцината против корона што беше вбризгана во САД на 14 декември лани е изложена во „Смитсонијан“, Националниот музеј на американската историја во Вашингтон , како дел од збирката предмети поврзани со епидемијата.

Болницата „Нортвел“ во Њујорк, каде што медицинската сестра Сандра Линдзи прва во САД прими вакцина против коронавирус од „Фајзер/Бионтек“, му ја подари амбалажата на музејот заедно со шприцот, документот за вакцинација на медицинска сестра и униформата што таа ја носеше тој ден.

„Овие се сега историски предмети кои сведочат за извонредниот научен напредок постигнат во борбата против епидемијата од коронавирус и претставуваат надеж за милиони луѓе погодени од кризата предизвикана од епидемијата“, изјави управата на музејот.

САД се најпогодената земја во светот од коронавирусот со повеќе од 528 000 починати и повеќе од 29 милиони заразени.

GOLD
To Top