Новости

Свет

Бајден победи на изборите во САД

Кандидатот на демократската партија Џо Бајден е избран за 46-ти претседател на САД, јави американската телевизија СНН.

Телевизијата го прогласи Бајден за избран претседател по прогласувањето негова победа во Пенсилванија, која носи 20 електроски гласови. Со нив Бајден има 173 електорни гласови, од неопходни 170.

Пребројувањето на гласовите продолжува во Пенсиланија, Џорџија, Аризона, Невада, по што ќе следи и офивијална потврда на резултатите. Историски момент е и тоа што САД по првпат ќе има жена потпретседател на државата, Камала Харис, која е со афроамериканско и азиско потекло.

Актуелниот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот правен тим ќе поднесе повеќе тужби во судовите за ги оспори резултатите.

Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на САД на 20 јануари 2021.

GOLD
To Top