Новости

Свет

Белата куќа испраќа 1.000 воени здравствени работници во американските болници

Дополнителни 1.000 воени здравствени работници ќе бидат распоредени во шест американски сојузни држави за да им помогнат на болниците преплавени со пациенти поради растот на случаите на Ковид-19 поврзани со сојот омикрон, соопшти Белата куќа.

-Следната недела тимови од седум до 25 воени лекари, медицински сестри и друг медицински персонал ќе почнат да пристигнуваат во Мичиген, Њу Џерси, Њу Мексико, Њујорк, Охајо и Род Ајленд, со цел да им помогнат на екипите на брза помош и на болничкиот персонал да му овозможат да продолжи со негата за другите болни, изјави претставник на Белата куќа.

Бајден во 10:30 часот наутро ќе има обраќање до јавноста за да го даде одговорот на неговата администрација на заканата од Ковид-19, а покрај него ќе бидат секретарот за одбрана Лојд Остин и началникот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби Дина Крисвел.

-Барањето број еден и натаму е персоналот, рече Крисвел за Си-Ен-Ен, додавајќи дека другите држави најверојатно ќе треба да регрутираат воени и други федерални лекари и медицински сестри за да се борат со Ковид-19 и другите болести додека омикрон се шири низ целата земја.

Администрацијата на Бајден од јули распоредуваше федерални тимови за да се борат против делта сојот. Бајден во декември му нареди на Остин да подготви дополнителни 1.000 припадници на здравствените сили и испрати повеќе од 100 сојузни припадници на медицинскиот персонал во Аризона, Индијана, Мичиген, Њу Хемпшир, Вермонт и Висконсин.

Британските медиуми наведуваат дека бројот на хоспитализирани лица заразени со Ковид-19 неделава го достигна својот пик откако постојано се зголемуваше од крајот на декември, додека сојот омикрон ја презеде доминацијата од делтата сојот како доминантна варијанта на коронавирусот.

Евротип
Евротип
To Top