Новости

Свет

Белата куќа повторно воведува ограничувања за патувања од Европа

Администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден планира повторно да воведе ограничувања за патувања за повеќето жители кои немаат американско државјанство и кои неодамна биле на територијата на Европската унија, Велика Британија, Ирска и Бразил, потврди Белата куќа.

Пред напуштањето на претседателската функција, Доналд Трамп ги укина ограничувањата за патување. Но, новото раководство на САД, покрај претходните ограничувања, ќе воведе дополнителни ограничувања за луѓето кои престојувале во Јужна Африка, каде што се појави нов вид на коронавирус и предизвика загриженост кај научниците.

„Со влошената пандемија и појавата на повеќе заразни верзии на вирусот ширум светот, не е време да се укинат ограничувањата на меѓународните патувања“, рече портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки преку Твитер минатата недела.

„Според советот на нашиот здравствен тим, оваа администрација нема намера да ги укине ограничувањата. Всушност, ние планираме да ги засилиме меѓународните мерки за патување за да го ограничиме ширењето на коронавирусот“, додаде Псаки.

GOLD
To Top