Новости

Свет

Болниците во Холандија поради Ковид-19 ги откажуваат хемотерапиите и трансплантациите

Дел од холандските болници го прекинаа лекувањето со хемотерапија и трансплантација на органи за да обезбедат кревети за интензивна нега поради зголемениот број на пациенти инфицирани со ковид-19.

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во холандските болниците се искачи на рекордно ниво, што не е забележано од почетокот на мај, а експертите предупредија дека болниците ќе го достигнат својот полн капацитет за нешто повеќе од една недела.

Неделава неколку пациенти со ковид-19 се пренесени во германските болници.

Иако 85 проценти од возрасното население е вакцинирано против ковид-19, во изминатите 24 часа регистрирани се 23.709 новозаболени лица.

Во Холандија од почетокот на пандемијата со ковид-19 регистрирани се над 2,5 милиони инфицирани и над 19.000 смртни случаи.

Евротип
SNBROKER
To Top