Новости

Свет

Бразилски град е првиот кој создал колективен имунитет: Вирусот останал без домаќин

Во Манаус 2.462 лица починале од ковид-19. Градот да беше држава би имал втор нависок морталитет на светот со 100,7 починати на 100.000 жители.

Бразилскиот град Манаус, кој беше разорно погоден од пандемијата на коронавирусот, можеби имал толку многу заразени што неговите жители развиле колективен имунитет, се наведува во прелиминарната студија.

Во јули вирусот толку брзо се ширел во Манаус, најголемиот град во Амазонија, а извештаите од преполните болници беа драматични и бројот на починати се зголемил за пет пати во однос на минатата година. Но набрзо следел рапиден и необјаснив пад на бројот на заразени и починати.

Дваесетина научници од Бразил и од Велика Британија сега тврдат дека знаат зошто – вирусот останал без домаќин.

Во студијата која сѐ уште на ја поминала рецензијата на други научници, групата која ја водел Естеро Сабино од Институтот за тропска медицина при Универзитетот Сао Паоло, ги анализирала примероците од градската банка на крв и ги тестирала на антителата на коронавирусот. Според нивната проценка, од првиот случај во март со коронавирусот биле заразени помеѓу 44 и 66 отсто од жителите на Манаус.

Тоа би можело да биде доволно во градот со 1,8 милиони жители да се создаде имунитет на стадо.

Високата стапка на инфекција упатива дека колективниот имунитет имал значајна улога во подоцната фаза на епидемијата, напишале научниците во студијата.

GOLD
To Top