Новости

Свет

Британските научници започнаа ново истражување: Поранешни пациенти со Ковид повторно ќе бидат изложени на коронавирус

Британските научници  започнаа тестови на кои поранешните пациенти со ковид намерно ќе бидат повторно изложени на вирусот за да го тестираат нивниот имунолошки одговор и да утврдат дали волонтерите ќе бидат повторно инфицирани.

Во февруари, Велика Британија стана првата земја во светот што даде зелено светло за спроведување на т.н. „Human Challenge“, во кој волонтери намерно се изложуваат на ковид-19 за да ги унапредат истражувањата за болеста предизвикана од коронавирус. „Human Challenge“ е име за контролирано испитување на инфекција кај луѓе и е вид клиничко испитување на вакцина или друг лек што вклучува намерно изложување на субјектот на болеста што се испитува. Студијата, започната во понеделникот, се разликува од онаа во февруари по тоа што има за цел да утврди дали луѓето кои преживеале ковид ќе бидат повторно инфицирани со вирусот за да го продлабочат знаењето за имунитетот.

Научниците веруваат дека е поефикасно да се изложат поранешните пациенти на коронавирус отколку намерно да се заразат луѓе кои немале ковид-19. „Податоците што ќе ги добиеме од ова истражување ќе ни овозможат да развиеме подобри вакцини и поефикасни начини за лекување на оваа болест. Во исто време, тоа ќе ни помогне да откриеме дали луѓето се заштитени по ковид-19 и ако е така, за колку долго “, објасни имунологот Хелен Мекшејн, раководител на истражувањето на Универзитетот во Оксфорд. Таа додаде дека истражувањето ќе им помогне на научниците да разберат каков вид на имунолошки одговор штити од повторна инфекција со вирусот.

GOLD
To Top