Новости

Свет

Велика Британија може да остане без храна во текот на летото

Велика Британија се соочува со недостиг на храна во текот на летото, предупредува Асоцијацијата за товарен превоз. Причината е недостиг од околу 100.000 возачи на камиони поради Ковид-19 и „Брегзит“.

Во писмото до Борис Џонсон, претставниците на превозниците го повикаа премиерот на итна интервенција за да им се овозможи на возачите од Источна Европа да се вратат во земјата со специјални визи, слични на сезонските работници, предупредувајќи на криза во синџирот на снабдување.

Тие додаваат дека недостигот на работници во магацините и центрите за преработка на храна влијае и на пакувањето храна за супермаркетите.

Шефовите на супермаркетите „Tesco“ минатата недела се состанаа со заменик-министерот за транспорт лејди Веир и ја предупредија дека поради слободните работни места фрлаат 48 тони храна секоја недела.

„Гардијан“ наведува случај на полски возач кој живеел на островот пред „Брегзит“ и сега се вратил да помогне по веста за кризата, но му бил забранет пристап на аеродромот, бидејќи немало доволно докази за поддршка на статусот на населување.

Претседателот на Здружението за патен транспорт, Ричард Бурнет, за весникот изјави дека има огромен недостиг на возачи на камиони – помеѓу 85.000 и 100.000.

„За неколку недели, полиците во продавниците ќе бидат празни, толку е сериозно“, додаде Бурнет.

СН Брокер
To Top