Новости

Свет

(Видео) Земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Исланд.

Ја погоди областа на 10 километри југозападно од Хафнарфјордур, крајбрежен град во близина на главниот град Рејкјавик.

Потресот за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за американски „Вашингтон пост“.

Јакобсдотир зборуваше за влијанието на пандемијата врз туризмот, кога нејзината куќа почна да се тресе, што видно ја потресе премиерката на Исланд.

GOLD
To Top