Новости

Свет

(Видео) „Ла ла ленд“ по грешка прогласен за најдобар филм – „Месечева светлина“ вистинскиот победник

Вистинска драма се одвиваше на крајот на 89-то издание на наградата на Американската академија за филмска уметност и наука. При прогласувањето на победникот за најдобар филм, наместо „Месечева светлина“, водителите Ворен Бити и Феј Данавеј погрешно го прочитаа и прогласија „Ла ла ленд“ за победник. И додека режисерот Демиен Шазел и тимот ги држеја говорите и славеја, нивниот продуцент Џастин Хоровиц ги прекина, велејќи им дека дошло до грешка и оти „Месечина“ е најдобар филм.

Ворен Бити потоа додаде дека го добил ковертот со името на Ема Стоун и филмот „Ла Ла Ленд“, па се збуни и накусо запре, подавајќи и го на Феј ковертот за таа да го прочита добитникот. До забуната дојде поради тоа што за секој добитник постојат по два коверти, па на Бити и на Данавеј им бил даден оној за најдобра главна глумица, а не за филм. Режисерот Бери Џенкинс и тимот од „Месечина“ прво не можеа да веруваат што се случува, но на крајот, како што Џенкинс рече, се испадна „полудо отколку во најлудите соништа“.

Мјузиклот „Ла Ла Ленд“, освои шест Оскари на тукушто завршеното 89. доделување на наградата на Американската академија за филмска уметност и наука, и тоа за режија, главна женска улога, фотографија, музика, песна и сценографија, но филмот „Месечина“ е прогласен за најдобар филм.

Месечина освои вкупно три Оскари: за филм, споредна машка улога, која му припадна на Махершал Али, и за адаптирано сценарио. По две награди зедоа филмовите „Манчестер покрај море“ за главен актер и за оригинално сценарио, а „Гребенот на спасот“ за монтажа и микс на звук.

Дејмиен Шазел (32) стана најмладиот режисер во историјата кој е награден со оскар.

Ема Стоун доби Оскар за најдобра глумица во главна улога во „Ла Ла ленд“, Кејси Афлек (Манчестер покрај море) за најдобар актер, Махершали Али (Месечина) за најдобра споредна машка улога и Вајоли Дејвис (Fences) за најдобра женска споредна улога.

Награда за најдобар странски филм доби „Трговски патник“ на Асгар Фархади, режисерот кој не сакаше да допатува во Америка за предоскаровските случувања ниту да присуствува на доделувањето на наградите, поради забраната за влез во САД на државјаните на шест муслимански држави. Подоцна таа забрана беше суспендирана од страна на Врховниот суд.

Најдобар документарен филм е „O.J: Made in America“, кој трае речиси осум часови, а е дело на режисерот Езра Еделман, а се однесува на О. Џеј Симпсон, поранешна рагби ѕвезда.

Најдобар анимиран филм е „Зоотопија“.

Евротип
SNBROKER
To Top