Новости

Свет

(Видео) Минеаполис гори – продолжуваат протестите по бруталната смрт на Флојд, активирана војската

Протестите во Минеаполис синоќа завршија со повеќе ограбени и запалени објекти откако афроамериканецот Џорџ Флојд во неделата беше убиен од страна на бел полицаац, во очевиден расистички чин на полициска бруталност.

Групи на демонстранти во повеќе делови на градот синоќа координирано вандализираа разни објекти, како околу железничката станица на Петта авенија, превртуваа автомобили пред супермаркетот „Таргет“, а имаше и и пукање во јужниот дел на Минеаполис.

Полицијата во неколку случаи употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, но не употреби физичка сила и дозволи толпата да го изрази својот гнев.

Во повеќе случаи демонстрантите запалија и ограбија повеќе објекти и продавници. Првиот ден од протестот во средата беа запалени индустриски објекти, ресторани и станбени згради во изградба. Запалени се многу возила и третиот реон на градот, неколку блокови од полициската станица изгледа како воена зона.

Очигледно, гневот на илјадници граѓани нема да се смири и синоќа некои делови на градот ги опфати анархија. Главното барање е одговорност и апсење на полицајците, кои додека го приведуваа невооружениот Флојд, еден од нив, Дерек Чавин, употреби несразмерна физичка сила.

Четворицата службеници кои беа на местото на настанот се отпуштени од работа.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење. Градоначалникот Џејкоб Фреј побарал од гувернерот Волц да испрати воени единици. Гувернерот повика на мир, истакнувајќи дека насилството претставува „исклучително опасна ситуација“ и побара од луѓето да се разотидат.

Контактот со полицијата е снимен на неколку видео снимки и фотографии. Луѓето кои снимаат протестираат полицацецот да го тргне коленото од вратот на легнатиот Флојд, бидејќи овој може да се задуши.

Од снимката се гледа и слуша како Флојд, легнат на земја и со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише.

 

Случајот со Џорџ Лојд почна откако сопственик на продавница во Минеаполис повикал полиција бидејќи се сомневал дека Флојд се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Сопственикот потоа изјави дека понудил да плати за погребот на Флојд.

GOLD
To Top