Новости

Свет

(Видео) Неизвесност дали ќе се потопи или не – Оровил стана град на духови

Неполно деноноќие откако надлежните наредија евакуација на градот Оровил, Калифорнија заради напукнатата брана во непосредна близина, градот е претворен во град на духови.

Жителите ги оставија улиците празни и никој не знае дали некогаш ќе можат да се вратат назад. Освен звукот на птиците се слуша музика од пред една книжарница која болно ја сече морничавата тишина.

 

Од најголемата брана во САД, во Калифорнија инженери ја исфрлаат водата затоа што ново невреме се најавува за утре.

Властите соопштија дека спречиле пукање на браната, со што во околните населени места куќите би биле под вода до третиот кат. На сила е налогот за евакуација на 188.000 луѓе.

На луѓето кои живеат во близина, во недела им беше наредено да се повлечат од куќите, затоа што оштетувањата во текот на зимата можеа да доведат до пукање на браната. Ова се случува по обилните врнежи кои ја зафатија Калифорнија по години на голема суша. На браната неодамна се појави голема дупка.

Браната Оровил е на 240 км од Сан Франциско и со височина од 230 метри е највисока во САД. Таа е изградена во 1968 година.

GOLD
To Top