Новости

Свет

Во Австралија измерени 50,7 степени целзиусови – Израмнет рекордот со оној од 1962 година

Температурата измерена во Онслоу во Западна Австралија го израмни рекордот измерен во 1962 година во Јужна Австралија, јавува Би-Би-Си.

Метеоролозите најавуваат дека Онслоу и околните области би можеле да соборат нови рекорди, бидејќи температурите би можеле благо да се зголемат во Петок.

Локалниот метеоролошки институт потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време.

Според локалните медиуми, просечната температура за овој период од годината во Онслоу е 36,5 степени. Два други града, Марди и Роберн, објавија температури над 50 степени во средата, а Лук Хантингтон од Метеоролошкиот институт рече дека акумулацијата на топол воздух во регионот е предизвикана од недостаток на грмотевици.

Еден од жителите на Роберн, Марк Барат, за ABC News изјавил дека температурите биле толку високи што престанале да работат клима уредите во канцелариите. Температурите во Петок ќе бидат во благ пораст, а заладување се очекува во наредните денови.

Евротип
SNBROKER
To Top