Новости

Свет

Во Австрија најмногу од увезените случаи на коронавирусот се од Македонија

Најголем дел од увезените случаи на коронавирус во Австрија се од Македонија. 

Тоа се дури 866 случаи, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, има зголемување за 477 случаи. Косово исто така предничи на листата со зголемување на бројот на „увезени“ случаи од 253 на 799.

Меѓу водечките земји на оваа листа се и Хрватска со 683 случаи, од Турција биле „увезени“ 662 случаи, а и од Србија има зголемен број на „увезени“ инфекции.

Повеќе од две третини од заразените повратници од одмор го донеле вирусот во Австрија од Западен Балкан, како што објави австриската Агенција за храна и безбедност (АГЕС), пренесува српскиот портал „Дневник“.

Во Австрија над 10.700 луѓе починаа од коронавирусот.

Евротип
Евротип
To Top