Новости

Свет

Во Австрија се повеќе празни полици во маркетите

Во супермаркетите ширум Австрија граѓаните наоѓаат се повеќе празни полици. Некои супермаркети изгледаат речиси празни, речиси сите производи недостасуваат на полиците, особено е тешко да се најде сончогледово масло, но постои и закана од недостиг на путер.

Ваква е состојбата во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници.

Војната во Украина предизвика криза која сериозно влијаеше на испораките до австриските продавници. Недостигот од многу производи е предизвикан од проблем во синџирот на снабдување, односно немањето испораки, јави „Танјуг“.

Исто така, состојбата дополнително ја влошува и тоа што дел од граѓаните купуваат на големо.

Причината за недостигот на нафта е тоа што три четвртини од сончогледовото масло во светот доаѓа од Русија и Украина.

Евротип
SNBROKER
To Top