Новости

Свет

Во Британија откриен нов сој на коронавирусот, кој ги загрижува научниците

Во Велика Британија откриен е уште еден вид на корона вирус кој е од потенцијлно загрижувачкиот сет на мутации, пишува Гардијан.

Според извештајот на истражувачите од Универзитетот во Единбург, овој вид е познат како Б1525. Тие велат дека е откриена со секвенционирње на гени во десет земји, вклучувајќи ги САД, Данска и Австралија, додека до сега во велика Британија се пронајдени 32 случаи. Првите случаи се откриени во декември, а се појавија во Велика Британија и во африканската држава Нигерија.

Истражувачите велат дека овој вид на корона вирус во својот геном е сличен со варијантата од Кент Б117, содржи бројни мутации кои ги загрижиле истражувачите, вклучувајќи и мутации во протеинот на шилци, кој се наоѓа на надворешната страна на вирусот и кој игра важна улога и му помага на вирусот да влезе во клетките.

Оваа мутација Е484К присутна е во соевите кои се појавија во Јужна Африка и Бразил и за која се смета дека го прави вирусот поспособен да ги избегне неутрализирачките антитела кои ги создава телото.

Др. Сајмон Кларк, вонреден професор за клеточна микробиологија на Универзитетот во Рединг, рече дека иако не е јасно каков ефект може да имаат многу мутации на способноста на коронавирусот да предизвика инфекција или на тежината на болеста, присуството на мутацијата Е484 во јужноафриканскиот вид, е дека дава степен на отпорност на вирусот на некои вакцини.

Кларк додаде дека овој нов вид треба да биде дел од новите тестирања, за да се најдат подвидовите кои загрижуваат.

„Мислам дека додека не дознаеме за овие нови видови, сите кои го носат Е484К треба да бидат подложени на испитување кај оние кои немаат симптоми, бидејќи се чини дава отпор на имунитетот, без оглед на кој начин е добиен“, рече тој.

GOLD
To Top