Новости

Свет

Во Германија од денеска сите полнолетни лица имаат пристап до вакцината на Џонсон и Џонсон

Германија од денеска овозможува пристап до вакцините против коронавирус на Џонсон и Џонсон за сите полнолетни лица, со што е суспендиран приоритетниот систем за одредување редослед за примање на првата доза на вакцина.

Со оглед на тоа дека повеќето луѓе над 60-годишна возраст се очекува да бидат вакцинирани до јуни, министерот за здравство Јенс Шпан изјави дека властите одлучиле да не ја ограничуваат вакцинацијата на стари лица поради многу ретките ризици од тромбоза.

Наместо тоа, помладите луѓе можат да изберат да ја земат вакцината по консултација со своите лекари, рече тој.

GOLD
To Top