Новости

Свет

Во Германија пронајдени над 5000 фалсификувани ковид-сертификати

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија од април минатата година открила повеќе од 5.000 фалсификувани потврди за вакцинација.

Од септември до декември минатата година е забележан значителен пораст на фалсификувањето, а во јануари има намалување, соопштија од покраинската криминалистичка служба.

Само во декември полицијата запленила повеќе од 1.400 фалсификувани потврди, јавува Танјуг.

При претресот на становите полицијата запленила лажни печати со кои се фалсификувале потврди за вакцинација, како и големи суми пари.

Евротип
SNBROKER
To Top