Новости

Свет

Во Русија се бара авионски билет повеќе во еден правец

Во Русија драматично расте цената на еднонасочните билети во само еден ден по објавата на Путин за итна мобилизација на 300.000 резервисти.

Податоците на Google Trends покажаа скок во пребарувањата за Aviasales, најпопуларната страница за резервации на летови во Русија.

Директните летови од Москва до Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија, двете дестинации кои им дозволуваат на Русите да влезат без виза, се распродадени во средата, според податоците на Aviasales.

Летовите од Москва до Истанбул преку Туркиш ерлајнс беа или резервирани или недостапни до недела, од 14:15 часот по московско време (1115 GMT).

Некои транзитни дестинации , вклучително и оние од Москва до Тбилиси, главниот град на Грузија, исто така беа распродадени додека најевтините летови до Дубаи чинат повеќе од 300.000 рубли (5.000 долари) – околу пет пати повеќе од просечната месечна плата во Русија.

Билети во еден правец за Турција достигнаа цена од речиси 70.000 рубли (1.150 долари), во споредба со нешто повеќе од 22.000 рубли пред една недела, покажуваат податоците на Google Flights.

Гужва се создаде и на руско финската граница соопшто финската гранична полиција додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

Финска внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија по наредбата на претседателот Владимир Путин за воена мобилизација, изјави во средата финскиот министер за одбрана Анти Кајконен.

Естонија, Летонија и Литванија во средата објавија дека нема да понудат засолниште на ниту еден Русин што бега од мобилизацијата на трупите на Москва.

Шефот на руската агенција за туризам рече дека досега не се воведени никакви ограничувања за патување во странство.

ЕУ подготвува нов пакет санкции против режимот во Москва
Во меѓувреме ЕУ подготвува нов пакет на санкции против Русија кои се дефинира на состанок меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ кои се одржува во Њујорк во рамките на Генералното Собрание на ООН како вонреден поради објавата на Путин за мобилизација на 300.000 резервисти.

Во изјавата за новинарите во Њујорк, Жозеп Борел, рече дека најавата на рускиот претседател Владимир Путин, која вклучува чекори за анексија на делови од украинска територија и заканата за употреба на нуклеарно оружје за одбрана на Русија е знак за „паника и очај“.

Евротип
SNBROKER
To Top