Новости

Свет

Во САД се препорачува вакцинација на деца на возраст од пет до 11 години

Здравствените власти на САД дадоа зелено светло за препораката за вакцина против коронавирус произведена од Pfizer-BioNTek за деца на возраст од пет до 11 години, соопштено е синоќа во Вашингтон.

На тој начин 28 милиони деца на таа возраст во САД ќе имаат право да ја примат таа вакцина.

Препораката неодамна беше одобрена од Американската агенција за лекови (ФДА), додека препораката на Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) донесена синоќа е последниот чекор за започнување на нова фаза од кампањата за вакцинација на децата.

Децата ќе ја примаат вакцината во две дози како возрасни, но 10 микрограми по инјекција, додека за возрасните е 30 микрограми.

Евротип
SNBROKER
To Top