Новости

Свет

Во Тунис измерени 49 степени, во Сицилија 47 – топлотен бран од Африка се шири кон Европа

Страшен топлотен бран се шири од Северна Африка кон јужна Европа, објави синоќа на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

Вчера во главниот град на Тунис беше измерена температура од неверојатни 49 Целзиусови степени, што исто така го собори историскиот рекорд за температура.

Просечните температури во Тунис во август се околу 30 Целзиусови степени, а вчерашното мерење го собори рекордот од 47,4 Целзиусови степени измерен во јули 1943 година.

Ова е само почеток на суровиот топлотен бран, напиша метеорологот.

Вчера, на италијанскиот остров Сицилија, најголемиот остров на Медитеранот, беше измерена температура од дури 47 степени Целзиусови.

Скот вели дека Шпанија ќе биде следна во топлотниот бран.

Евротип
Евротип
To Top