Новости

Свет

Во Унгарија од денеска цените на горивата не можат да надминат 1,31 евро за литар

Унгарската влада од денеска воведува „плафон“ на цените на горивата за да ги заштити потрошувачите од наглото зголемување на цените и да ја ограничи инфлацијата, која достигна најбрзо темпо од 2012 година.

За тримесечен период од 15 ноември, цените на бензините и на дизелот не можат да надминат 480 форинти (1,31 евро) за литар на бензинските пумпи, изјави минатата недела Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

„Се надеваме дека ова ќе и помогне на економијата и ќе помогне да се спречи инфлацијата“, рече Гулаш. Тој нагласи дека Унгарија ќе продолжи да ги замрзнува малопродажните цени на енергенсите поради зголемените сметки за електрична енергија низ Европа.

Главната годишна инфлација во земјава во октомври се забрза до 9-годишниот максимум од 6,5 отсто, што е над очекувањата и делумно се должи на растот на горивата за 30,7 отсто, што ги потисна нивните цени над психолошкото ниво од 500 форинти за литар.

Некои економисти веруваат дека унгарската централна банка, која почна да ги зголемува каматните стапки во јуни, но потоа го забави монетарното затегнување во септември, може да биде принудена нагло да ги зголеми каматните стапки оваа недела за да ја спречи инфлацијата и да ја поддржи форинтата.

Евротип
SNBROKER
To Top