Новости

Свет

Во 2022 година ќе има недостиг од шприцови за вакцини, предупредува СЗО

Во 2022 година може да има недостиг од една до две милијарди шприцови потребни за давање вакцини против Ковид-19, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Тоа може да влијае и на рутинските имунизации и да ја загрози безбедноста на иглите, додадаваат од СЗО.

Националните здравствени власти треба однапред да ги планираат своите потреби за да избегнат акумулација, панично купување и ситуации забележани на почетокот на пандемијата со недостиг на лична заштитна опрема, вели експертката на СЗО, Лиза Хедман.

„Можеме да имаме глобален недостиг на шприцови за имунизација, што може да доведе до сериозни проблеми, како што е забавување на напорите за имунизација, како и безбедносни грижи“, рече Хедман.

Недостигот, додаде таа, може да доведе до одложување на рутинските вакцини, особено за децата, а исто така може да поттикне небезбедна повторна употреба на шприцови и игли, особено во посиромашните земји.

На глобално ниво дадени се околу 6,8 милијарди вакцини против Ковид-19, што е речиси двојно повеќе од бројот на рутински вакцини, рече Хедман, споредувајќи го со вкупниот производствен капацитет од речиси 6 милијарди шприцови за имунизација годишно.

„Тоа значи дека светот в година може да се соочи со недостиг од една до две милијарди шприцови“, рече Хедман.

Евротип
SNBROKER
To Top