Новости

Свет

Газпром: Запрено истекувањето на гас од гасоводот Северен тек

Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите Северен тек е стабилизиран и дека гасот престанал да истекува од оштетените места на гасоводите.

„Притисокот во линијата А на Северен тек 2 и во двете линии на Северен тек 1 се стабилизираше по прекинот, истекувањето на гас престана“, соопшти „Газпром“, а пренесе ТАСС.

„Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот во линијата Б на гасоводот „Северен тек 2“.

Евротип
SNBROKER
To Top